Дома Фудбал Лига на шампиони Само Звезда и Реал Мадрид не шутнаа кон голот

Само Звезда и Реал Мадрид не шутнаа кон голот

Црвена Звезда и Реал Мадрид се единствените тимови кои не успеаа да упатат шут во рамката на голот во натпреварите од првото коло во Лигата на Шампионите.

За срспкиот шампион тоа не е неочекувано, сепак Баерн Минхен беше апсолутен фаворит и на крајот славеше со 3:0, иако црвено-белите добро се држеа до последните десетина минути кога примија уште два гола.

Од другата страна, тимот на Зинедин Зидан исто така загуби со 3:0 од ПСЖ. Во претходниот мандат, францускиот тренер блескаше во најелитното натпреварување, а ќе видиме дали ситуацијата сега ќе биде поинаква, поминувањето во нокаут фазата не би требало да биде доведен во прашање, бидејќи во групата се уште Галатасарај и Клуб Бриж.

Најубелдив пораз во првото коло доживеа Генк, кој загуби од Салзбург во гости со 6:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ибрахимовиќ го избра својот фаворит за „Златната топка“

Меѓу фудбалерите кои се најчесто спомнувани, името на Ламин Јамал е сè почесто истакнато, …