Дома Фудбал Само еден играч на Сити не покажа почит кон Ливерпул (видео)

Само еден играч на Сити не покажа почит кон Ливерпул (видео)

Ривалството помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити во последните три години прерасна во едно од најголемите во Англија.

Без разлика што се случува на теренот, сепак Гвардиола и Клоп даваат одличен пример за взаемна почит, што се одразува на голем дел на нивните играчи.

Вчера „граѓаните“ го исполнија ветувањето и направија шпалир за новиот шампион. Сите играчи им аплаудираа на „црвените“, освен еден – Бернардо Силва.

Португалецот беше нареден заедно со своите соиграчи, но одби да им аплаудира на ривалите. После тоа Силва беше и првиот човек кој го напушти местото на шпалирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Удар за Јунајтед: Шешко ја заврши 2026 година, враќање најрано во јануари

Повредата на потколеницата го оддалечува Бенјамин Шешко од терените до најмалку јануари 20…