Дома Фудбал Само ден после финалето Тухел е пред отказ

Само ден после финалето Тухел е пред отказ

ПСЖ стигна до своето прво финале во Лигата на шампиони, но не успеа да го подигне престижниот пехар.

Само ден после поразот во финалето се разгореа шпекулациите за отказ на тренерот Томас Тухел.

Еминентниот новинар Ди Марцио тврди дека раководството на ПСЖ сериозно размислува за тренерска смена и веќе го идентификувала наследниот на Тухел.

Имено, ПСЖ сака да го донесе во Париз италијанскиот стратег Масимилиано Алегри, кој е слободен после заминувањето од Јувентус.

„Светците“ сакаат брзо да реагираат бидејќи Алегри е на радарот на Интер како наследник за Антонио Конте, па веќе стапиле во контакт со екс тренерот на Милан и Јувентус.

Тухел има договор со ПС Ж до јуни 2021 година, но за „светците“ нема да претставува проблем да му дадат отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…