Maнчестер Сити со вчерашната победа против Евертон дојде до двоциффрена предност после 24 кола во Премиер лигата.
Предноста од 10 бода е навистина голема и тешко е да се верува дека некој клуб може да ги прескокне „граѓаните“ на табелата, посебно ако се знае дека се во фантастична серија од 17 победи во низа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Англија има и традиција која вели дека повеќе од две децении тимот кој во февруари има двоцифрена предност на крајот бил шампион.
Низ целата историја во Премиер лигата има само два случаи кога еден тим пропуштил ваква предност. Њукасл во сезоната 1995/1996 успеал да прокоцка 10 бода предност, а вториот тим е Манчестер Јунајтед во сезоната 1997/1998.
Ќе видиме како оваа сезона Сити ќе заврши, но ќе биде вистинско чудо ако тимот на Гвардиола на крајот не се радува на шампионската титула.
10 – Manchester City are now 10 points clear at the top of the Premier League – the only two teams to fail to go on and win the title having had a lead of 10+ points are Newcastle United in 1995/96 and Manchester United in 1997/98. Cruising. pic.twitter.com/3ilRLBXtmZ
— OptaJoe (@OptaJoe) February 17, 2021