Французинот Сами Насри потврди дека става крај на фудбалската кариера.
Во 2018 година Насри беше суспендиран поради користeње недозволени супстанци. Никако офанзивецот не успеа да се врати на вистински начин. Поради тоа се одлучи да каже крај.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Откако се врати во Вест Хем претрпе повреди под водство на Пелегрини. Потоа се пресели во Андерлехт каде што соработуваше со неговиот поранешен соиграч Винстент Компани. Меѓутоа тогаш започна пандемијата со коронавирусот.
Сега 34-годишниот Насри има улога на стручен коментатор во „Канал+“. Желбата која не му се исполни беше да се врати во Олимпик Марсеј. Кариерата Насри ја започна во Олимпик, потоа се пресели во Арсенал, од таму направи трансфер во Сити, а до крајот на кариерата го носеше дресот уште на Севиља, Анталијаспор, Вест Хем и Андерлехт.