Најпознатата салфетка во историјата на светскиот фудбал дефинитивно е онаа на која Лионел Меси на само 13 години ставил потпис за Барселлона. Сега таа салфетка се продава за 300.000 фунти.
Договорот на салфетката бил ветување од тогашниот спортски директор на Барселона, Карлос Рексач кој се договорил со таткото и агентот на Лео.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„На 14 декември во Барселона 2000 година спортскиот директор на ФК Барселона со ова се согласува под своја одговорност и без разлика на какви било спротивни мислења да потпише договор со Лионел Меси под услов да ги задржиме договорените услови“, пишува на салфетката која била во сопственост на тенискиот клуб Помпеја
Изјавата ја потпишале Карлес Рексач и Џозеп Мингела, советник за трансфери во клубот и аргентинскиот агент Хорасио Гаџиоли.
The napkin in which Leo Messi signed his first contract for FC Barcelona will be sold in auction.
— Barça Universal (@BarcaUniversal) January 31, 2024
— @mundodeportivo pic.twitter.com/4rAFPjdsiv