Дома Трансфер зона Салихамиџиќ прави тандем од соништата

Салихамиџиќ прави тандем од соништата

Минхенски Баерн во наредната сезона би можел да има спектакуларен напад.

Откако ова лето го донесоа Сане од Манчестер Сити, нов член на баварскиот великан може да биде и уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Француските медиуми тврдат дека Хасан Салихамиџиќ е во потрага по уште еден напаѓач, кој дополнително ќе ја подобри конкуренцијата во нападот, каде го има Роберт Левандовски и одлучил да се обиде да го ангажира Едисон Кавани.

Салихамиџиќ го контактирал агентот на Кавани со кој поразговарале за можниот трансфер на уругвајската ѕвезда во Минхен и нема да биде никакво чудо тоа на крајот да се случи.

Кавани претходните денови се поврзуваше и со Бенфика. Сепак, португалскиот великан најверојатно нема да може да ја плати неговата годишна плата од минимално 10 милиони евра, па Баерн е посериозна опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал може да добие бесплатно засилување од Реал Мадрид

Ферланд Менди е фудбалер кој во Реал Мадрид пристигна од Лион во 2019 година и е прв избор…