Дома Трансфер зона Салернитана на Кавани му нуди договор каков што немал никој друг

Салернитана на Кавани му нуди договор каков што немал никој друг

Во изминатата сезона тимот на Салернитана на неверојатен начин успеа да избори опстанок во Серија.

Клубот пред крајот на полусезоната беше веќе виден како второлигаш затоа што беше убедливо последне, освен тоа тука беа и проблемите со сопствеништвото. Лотито мораше да го продаде клубот затоа што според правилата не може да има два клуба во Серија А, негов клуб е веќе Лацио.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Постоеа сериозни закани клубот да биде исфрлен затоа што не се гледаа опции, сепак за среќа во последен момент се појавија инвеститори. Од пролетта клубот почна да бележи одлични резултати и успеа да остане во Серија А.

Сега се најавуваат и засилувања, а една од опциите е и Едисон Кавани. Уругваецот ќе си замине од Манчестер Јунајтед, а Салернитана му нуди интересен договор. Според информациите овој италијански клуб му нуди по 200.00 евра за секој постигнат гол, но би имал и дозвола во било кое време да го напушти клубот без оштета.

Серија А е позната дестинација за Кавани затоа што тука играше во Палермо и Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Себаљос се сели во Серија А

За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид и „кралевите“ му порачале дека на лето може да…