Ливерпул е силно заинтересиран за потписот на израелскиот интернационалец од редовите на Салцбург, Моанес Дабоур, но тој трансфер го стопира првата ѕвезда на „црвените“ Мохамед Салах.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барем така тврди израелскиот весник „Ерусалим Пост“ кој ја пласираше информацијата дека Мохамед Салах, ги информирал клупските челници дека веднаш ќе си замине од “Енфилд”, доколку англискиот премиерлигаш го донесе Дабоур.
Египет има одмазднички однос со Израел, со кој има водено и војна, а поради политички и верски причини, Салах не сака да ја дели соблекувалната со израелскиот интернационалец.
Ливерпул веќе подолг период е во потрага по адекватна замена за Бразилецот Фирмино, па идеално решение гледаат токму во Дабоур, кој оваа сезона на 30 меча постигна 20 гола.
Клупските челници биле фасцинирани од играта на Израелецот и решија да седнат на преговарачката маса. Откако биле договорени сите детали од трансферот, Салах се заканил дека веднаш ќе си замине доколку Дабоур се пресели на „Енфилд”.
Салах и во минатото одбиваше да се ракува со играчите од Израел, па ваквата негова реакција не е зачудувачка.