Фудбалерите на Ливерпул имаат шанса да му се одмаздат на Реал Мадрид за поразот во финалето во Лигата на шампиони во 2018 година.
Двата тима ќе се борат за најпрестижниот трофеј и оваа година на „Стад де Франс“ во Париз на 28-ми мај.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах веднаш после пласманот на Реал во финалето се огласи со порака: „Имаме сметки за расчистување“.
„Сакам да играм со Реал Мадрид, да бидам искрен. Сити е тежок противник со кој игравме неколку пати оваа сезона и добро се познаваме. Но јас лично повеќе сакам да играм со Реал. Причината е што загубивме од нив и сакам шанса за реванш. Се надевам дека ќе победиме“, изјави Салах веднаш после натпреварот со Виљареал.
We have a score to settle. pic.twitter.com/MWxfhIIW78
— Mohamed Salah (@MoSalah) May 4, 2022