Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, повторно објави семејна фотографија пред божиќна елка, па како и претходните години, доби многу критики и навреди од Муслимани.
Во коментарите се огласија бројни следбеници на исламската вероисповед, кои го навредуваа Салах затоа што слави христијански празник.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мислев дека си пример и најдобар амбасадор на твојата вера. Не го очекувавме ова, дека ќе го навредуваш Бога. Не ја продавај евтино својата вера”, „Брате муслиман, многу те сакаме, но ние сме изненадени што го славите Божиќ“, „Не срамете ја нашата религија“ се само дел од коментарите.
Салах и претходните две години ги доби истите коментари, но очигледно не влијаат на него бидејќи ја продолжи традицијата.