Дома Трансфер зона Салах потврди: Никој не ми понудил ништо

Салах потврди: Никој не ми понудил ништо

До сега беа само шпекулации од медиумите, а сега и самиот Салах потврди дека не води преговори со Ливерпул за нов договор.

Салах има договор со Ливерпул до летото 2023 година, но се уште не му е понуден нов договор и тој самиот затоа не знае што ќе се случува околу тоа.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Никој од клубот во овој момент не зборувал со мене за нов договор, затоа не можам да кажам ништо околу тоа“, изјави Салах.

Во продолжение потврди дека неговата желба е да остане во Ливерпул што е можно подолго.

„Ако ме прашувате сакам да останам тука што е можно подолго, но се е во рацете на клубот. Мое е да давам 100% на теренот за да победувамне. Секогаш ќе давам се од себе за луѓето кои ми покажуваат толку љубов“, порача Египќанецот.

Изминативе денови се појавија шпкеулации кои Салах го поврзуваа со Јувентус, наводно во Торино размислуваат на Салах како можна замена за Роналдо ако Португалецот замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Се појави опција за Погба: Французинот добива нова шанса во Премиер лигата?!

Екипата на Јувентус не се одлучи да го задржи Пол Погба кој по истекот на суспензијата во …