Дома Топ вести Роналдо си оди, Јувентус тргнува по Салах

Роналдо си оди, Јувентус тргнува по Салах

Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Јувентус сака на лето да го донесе Мохамед Салах во своите редови.

Медиумите тврдат дека „старата дама“ на лето ќе се раздели со Кристиано Роналдо и сака да донесе нова ѕвезда во нападот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Прва мета е Мохамед Салах, чија иднина во Ливерпул е неизвесна откако ги влоши односите со тренерот Клоп. Медиумите тврдат дека Египќанецот сигурно ќе побара трансфер доколку „црвените“ не изборат пласман во Лигата на шампиони.

Јувентус е спремен да се ослободи од Роналдо за да го донесе Салах во Торино. Египќанецот својата фудбалска афирмација ја доживеа во Серија А каде со успех го носеше дресот на Фиорентина и Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…