Дома Фудбал Англија Салах и Робертсон со повреди после дербито

Салах и Робертсон со повреди после дербито

Двајца од клучните фудбалери на Ливерпул – Мохамед Салах и Ендру Робертсон завршија со повреди после големото дерби против Манчестер Сити.

Двајцата имаат проблеми со глуждовите, така што левиот бек веќе отпадна од составот на Шкотска за квалификациските натпревари против Кипар и Казакстан.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради тоа Робертсон после два дена одмор ќе се врати во тренинг базата на Ливерпул за да го започне процесот на рехабилитација. Медиумите на Островот тврдат дека најверојатно Робертсон нема да биде спремен за следниот меч против Кристал Палас.

Слична е ситуациајта и со Мохамед Салах кој има проблеми со глуждот уште од мечот против Лестер. Поради таа повреда Египќанецот го пропушти мечот со Манчестер Јунајтед, а викендов ја обнови повредата.

Салах исто така отпадна од составот на Египет за престојните натпревари и ќе се врати во Ливерпул да ја лекува повредата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …