Ако имаше дилема, сега ја нема – Мохамед Салах и следната сезона ќе го носи дресот на Ливерпул.
Тоа го потврди египетскиот мајстор и легенда на „Црвените“ на социјалните мрежи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Знаеме дека трофеите се она што се важни и ќе направиме се за да ги добиеме следната сезона. Нашите навивачи ги заслужуваат и ќе се бориме пеколно за нив“, напиша Салах.
Клубот на спектакуларен начин се прости од Јирген Клоп, а вчера го официјализираше доаѓањето на новиот тренер Арне Слот.
Салах на крајот од сезоната имаше мала расправија со Клоп на мечот со Вест Хем, но „бројот 11“ на Црвените потврди дека се е во ред меѓу двете икони на Ливерпул во последните години.
„Беше одлично да ги споделам сите овие трофеи и искуства со вас во изминатите седум години. Ви посакувам многу среќа во иднина и се надевам дека ќе се сретнеме повторно“, напиша Салах.
It was great sharing all those trophies and experiences with you over the past 7 years.
— Mohamed Salah (@MoSalah) May 20, 2024
I wish you the best of luck for the future and hope we meet again. pic.twitter.com/mIES7Ctmhs
Салах пристигна во Ливерпул во 2017 година, речиси две години по Клоп и за многу кратко време постави многу голгетерски рекорди за овој клуб, додека заедно со германскиот стручњак учествуваше во освојувањето на сите големи трофеи – пред се во Лигата на шампионите во 2019 година и Премиер лигата 2020 година.