Ливерпул вчера го официјализираше трансферот на Дарвин Нуњез од редовите на Бенфика, а тој би требало да биде замена за Садио Мане кој е се поизвесно дека ќе си замине од „Енфилд“.
Експертот за трансфери, познатиот Фабрицио Романо утрово објави дека Мане постигнал договор со Баерн за личните улосив. Според неговите информации Сенегалецот со Баерн ќе потпише договор на три години.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, трансферот се уште не е комплетиран затоа што преостануваат преговорите со Ливерпул кои наводно се во завршна фаза.
Засега не е познато кога се би можело да биде официјализирано, но се наведува дека е блиску до реализација.
Sadio Mané has reached full verbal agreement with Bayern on personal terms. Three year contract ready – talks will enter into final stages with Liverpool, new bid set to be submitted. 🚨🇸🇳 #FCBayern #LFC are aware of his decision: Mané wants Bayern – and it's really close now. pic.twitter.com/v8cDmrFS91
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 15, 2022