Српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ Савиќ се огласи после незгодната повреда која ја заработи во вчерашниот натпревар против Милан.
Популарниот СМС се лизна и падна на земјата после едно нагло движење на Сусо, а во тој момент изгледаше како да му настрада коленото. Навистина повредата изгледаше лошо, дури и самиот Савиќ заплака кога го напушташе теренот.
La blessure de Milinkovic-Savic sur un dribble de Suso hier soir ? ? pic.twitter.com/XADV165MGk
— Pronosoft (@PronosoftSite) April 25, 2019
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, изгледа дека не се работи за така тешка повреда како што изгледаше во прв момент, а за тоа сведочи и изјавата на Србинот.
„Добро сум. Мислам дека не е во прашање ништо страшно. Можам да одам со мали болки“, порача Милинковиќ-Савиќ.