Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, на денешната средба со кадетите кои на ЕХФ шампионат во Летонија го освоија златниот медал им вети парична награда од 700.000 денари.
Македонските кадети со освојувањето на турнирот обезбедија пласман на Светското првенство 2023 година и на Европското првенство во 2024 година.
Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓
Мукаетов им го честиташе успехот на ракометарите и стручниот штаб, и на сите што дадоа придонес за овој резултат.
Воедно, првиот човек на македонскиот ракомет посочи дека репрезентацијата ќе биде наградена со 700.000 денари, откако одлуката за премијата ќе помина на Управен одбор.
Фото: РФМ