Рускиот спорт претрпува сериозни удари поради руската инвазија на Украина.
Руските спортисти се исфрлени од голем број натпреварувања, а посебно во пад е рускиот фудбал затоа што репрезентацијата остана без Светското првенство и клубовите без европските натпреварувања, поради се повеќе странски фудбалери си заминуваат руската лига.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Рускиот фудбал е во кома“, порача Зарема Слихова, сопругата на сопственикот на Спартак Москва откако Ашот Качатуран си поднесе оставка од местото прв човек на руската лига.
„Мислам дека Качатуран брзо сфати дека лигата не може да се оживее, а не пак да се реформира. Зошто би бил одговорен за процес кој сам не го започна. Кој и да дојде, се сомневам дека руската лига може да функционира самостојно“.
„Пред случувањата во Украина Русија беше 36. Репрезентација. Она што ќе се случи за неколку години е страшно. Да се биде во ранг со Индија, Иран и Пакистан не е најдобра преспектива…“, изјави Салихова.