Aктуелниот олимписки шампион, хокеарската репрезентација на Русија се пласираше во финалето на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Русија денес на пенали ја победи Шведска со 2:1 и така се пласираше во финалниот натпревар. Во тесен и неизвесен натпревар Русија поведе со голот на Антон Слепишев, а изедначи Антон Ландер. Одлучувачкиот гол во изведувањето на пенали го постигна Арсени Грицук.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во финалето во недела Русија ќе игра против Финска која ја победи Словачка со 2:0.
Коментари