На вонредниот состанок кој се одржа денес УЕФА го одзема домаќинството на Санкт Петербург за финалето во Лигата на шампионите.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Финалето сега место во Русија ќе се игра во Франција. Покрај тоа беше одлучено на неодредено време украинските и руските клубови да играат на неутрален терен. Од Русија ја критикуваат одлуката да им се одземе финалето.




„Најважото и најпрестижното од сите натпреварувања беше Лигата на шампионите во Санкт Петербург и долго се припремавме. Направено беше се по највисоки критериуми и од безбедносен аспект. Веруваме дека оваа одлука е донесена полтитички, а нашиот сојуз секогаш се водел по правилото спортот да биде надвор од политиката и затоа не се сложуваме со оваа одлука“.




„Не ја поддржуваме и одлуката натпреварите во кои учествуваат руски клубови да се играат на неутрален терен, тоа ги крши спортските принципи и е во спротивност од интересот на играчите, тренерите и навивачите“, ијави претседателот на рускиот фудбалски сојуз Александар Ѓуков.