Aмериканското министерство за правда објави извештај за кој тврдат дека докажува како Сеп Блатер примил мито од руски олигарх за организација на СП во 2018 година.
Русија организацијата на Светското првенство ја доби пред Англија и здружените Холандија и Белгија, како и Шпанија и Португалија. На гласањето во 2010 година беше избрана Русија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За можна корупција се пишуваше и претходно, а се сомнева и дека Катар на сличен начин го добил домаќинството за СП во 2022 година.
Извештајот кој е објавен се состои од 430 страници како дел од истрагата на ФБИ за американските претседателски избори во 2016 година.
„Во април 2011 година Кристофер Стил (припадник на тајна служба) поднесе извештај кој содржел наводни разговори на тогашниот руски претседател Димитри Медведев и премиерот Владимир Путин. Во тие разговори Путин признал дека руски олигарх го купил Светското првенство во 2018 година. Потоа во 2012 година, Стил го предупредил ФБ со двајца британски оперативци кои имале информации за подмитувањето. По разговорот успеале да дојдат до член на организација блиска на Путин и Кремилин кој потврдил дека Светското првенство било купено“, стои во еден дел од извештајот.
Поранешниот претседател Сеп Блатер не е именуван, но јасно е дека станува збор за него бидејќи во тој период беше претседател на ФИФА. Блатер подоцна доби суспензија за работа во фудбалот од шест години, додека Мишел Платини заработи четиригодишна суспензија.