Беласица донесе нов стратег откако Ѓоре Јовановски си замина после само три натпревари поминати на клубот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сега предводник на клубот ќе биде Русинот Андреј Чернишов кој зад себе има богата играчка и тренерска кариера. Како играч Чернишов настапуваше за Динамо Москва, Спартак Москва, Штурм Граз, ПАОК, а има настапи и за репрезентацијата на СССР, подоцна и за Русија.
Три пати во кариерата бил прогласуван за најдобар дефанзивец во руското првенство, а еднаш за најдобар странски играч во Австрија.
Тренерската кариера ја започна во селекцијата на Русија до 21 година, а под негово водство промовираше фудбалери како Аршавин, Павличенко, Жиркоф, Кержаков, голманот Акифеев…потоа беше и прв асистент во репрезентацијата на Русија.
Кога се клубовите во прашање во неговото СV стојат имињата на Динамо Тблиси, Спартак Суботица и неколку клубови во Саудиска Арабија и Кувајт.
Официјално со работа во Беласица започнува од понеделник, а денешниот натпревар со Академија Пандев ќе го проследи од трибините.