Дома Фудбал Англија Руни: Се надевам дека Сити ќе биде шампион, ако Ливерпул освои титула навивачите ќе биде неподносливи

Руни: Се надевам дека Сити ќе биде шампион, ако Ливерпул освои титула навивачите ќе биде неподносливи

Познато е големото ривалство помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед кое е можеби и најголемо во Англија, а дека е така потврдува и последната изјава на Вејн Руни.

Руни има два причини да не сака Ливерпул да стане шампиони – кариерата ја започна во градскиот ривал на „црвените“ Евертон, а потоа долги години настапуваше за Манчестер Јунајтед.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сега Руни јасно истакна дека сака Манчестер Сити да стане шампион на Англија.

„Искрено се надевам дека Манчестер Сити ќе стигне до шампионската титула. Воопшто не би ми било пријатно да гледам како навивачите на Ливерпул слават, тоа за мене е најлош кошмар. Во 2005 година ја освоија Лигата на шампионите и се уште зборуваат за тоа. Ако ја освојат Премиер лигата нема да престанат да зборуваат идните 15 години, тоа ќе биде неподносливо“, изјави Руни.

Ќе потсетиме слична изјава неодамна даде и Рио Фердинанд.

„Ова е налошото можно сценарио за луѓето кои го саката Манчестер Јунајтед. Подоброто од двете зла е Манчестер Сити да ја освои титулата. За фановите на Манчестер Јунајтед ќе биде поболно доколку Ливерпул стане шампион“, смета Фердинанд.Успесите на Сити ги преживувам лесно и кога бев играч и сега како навивач. Со Ливерпул е различно. Тој клуб има многу поголем број на фанови, кои ќе бидат неподносливи ако освојат титула после толку долго време. Поради тоа ќе биде многу поболно ако тие станат шампиони. Во секој случај Ливерпул е најголем ривал на Манчестер Јунајетд“, гласеше изјавата на Рио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…