Легендарниот англиски напаѓач, Вејн Руни вчера пристигна во САД, каде денес ќе има нова серија преговори со раководството на Ди Си Јунајтед.
Екс капитенот на Англија моментално се наоѓа во Вашингтон, а медиумите тврдат дека само детали го деталт од преселба во МЛС лигата.
SKY SOURCES: Wayne Rooney arrives in Washington for talks and medical with DC United. #SSN pic.twitter.com/dTNqCK6RZ9
— Sky Sports News (@SkySportsNews) May 23, 2018
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според „Скај Спорт“ Руни ќе остане на американско тло 48 часа, а можно е уште денес да ги помине медицинските прегледи.
Семејството на Руни веќе се спрема за преселба во САД и изнајмило агенција за недвижности да најде вила во која ќе живеаат.