Дома Фудбал Англија Руни: Дојде моментот кога е најдобро Погба да си замине од Јунајтед

Руни: Дојде моментот кога е најдобро Погба да си замине од Јунајтед

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни во разговор за „Скај Спорт“ истакна дека не е задоволен од учинокот на Кристијано Роналдо и Пол Погба.

Руни отворено порача дека според него Пол Погба треба да си замине.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Мислам дека дојде момент кога е најдобро Погба да си замине од Јунајтед. Тој немаше никакво влијание на резултатите и играта на тимот како што посакуваше од кога се врати во клубот. Кога игра за Франција е целосно друг фудбалер. Враќањето во Јунајтед за него не испадна добро, а ниту за Јунајтед“, изјави Руни.

И со доаѓањето на Роналдо, Руни не забележал подобрување.

„Роналдо постигнуваше важни голови во Лигата на шампионите, хет-трик против Тотенхем, но ако размислувате за иднината мислам дека морате да бирате млади играчи кои се гладни за успех“, додаде сегашниот тренер на Дерби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Морати го вмеша „Калчополи“ и предизвика бурни реакции со изјавата за Јувентус и титулата на Интер

Помеѓу фановите на Интер владее еуфорично расположение откако овој тим со победата во град…