Дома Фудбал Германија Румениге: Самите сме виновни за ситуацијата со фудбалот, сами ги креваме платите и трошиме премногу

Румениге: Самите сме виновни за ситуацијата со фудбалот, сами ги креваме платите и трошиме премногу

Првиот човек на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге ќе се обидува да ја смири ситуацијата помеѓу УЕФА и клубовите кои направија обид да се формира Суперлигата.

Румениге неколку пати во изминатите денови тврдеше дека тој никогаш нема да се согласи на разделување во фудбалот затоа тие не сакаа да бидат дел од Суперлигата.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Сите правиме грешки, Реал, Барса, Јувентус, Сити…секако и Баерн е тука. Самите го направивме фудбалот ваков затоа што се трошат огромни суми на трансфер и платите секоја година се зголемуваат, па така се прават и долговите. Како дополнителен проблем дојде корона-кризата која ни наштети на сите, на некој повеќе, на некој помалку. Ова е ситуација од која ќе треба да извлечеме поуки. Мораме да намалиме со расфрлањето пари на провизии на менџери, посредници, плати…“, порачува Румениге.

За Румениге случувањата околу суперигата се аларм дека проблемите треба системски да се решаваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Го одби Ливерпул за да дојде во Јувентус и сега прави чуда!

Карло Алберто Белони, агентот на голманот на Јувентус, Микеле Де Грегорио, истакна дека ов…