Бившиот директор на Баерн Минхен и легенда на клубот, Карл Хајнц Румениге во интевју за „Билд“ посочи дека според него најдобар спортски директор е Луис Кампош.
„Тој е човек кој е релативно непознат во Германија, но јас го следам веќе извесно време. Во добрите времиња на Монако тој успеа да доведе фудбалери како Мбапе, Фалкао, Фабињо, Марсијал, Бернардо Силва и сите кои станаа шампиони во 2017 година. Потоа тие играчи беа продадени за огромни суми во европски гиганти“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„После тоа Кампош го повтори истото и во Лил каде донесе фудбалери како Ренато Санчез, Осимен, Јилмаз, Фонте и други“, изјави Румениге.