Карл Хајнц Румениге тврдеше Роберт Левандовски останува во Баерн Минхен и дека е спремен да се обложи, агентот Пини Захави излезе со изјава дека може да го купат само Челзи, Пари Сен Жермен и Реал, а желбата на напаѓачот изгледа е една – сака само во Реал!
Добро информираниот и доверливиот „Билд“ денес излезе со информации дека Роберт Левандовски на лето конечно ќе го облече дресот на „кралевите“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Мадритскиот весник „Марка“ иначе категорички добро запознаен со случувањата во Реал, го дополни „Билд“ дека неодамна Левандовски имал состанок со својот агент Пини Захави кого го ангажираше само до завршувањето на летниот преоден рок. Тоа не е се, наводно потоа Захави побарал состанок со управата на Баерн кој трбеа да се случи во наредните неколку денови.
И покрај тврдењето на управата на Баерн изгледа дека Левандовски нема намера и по трет пат да ја пропушти шансата да заигра за клубот кој го сака.
Пред пет години Реал и Борусија Дортмунд не успеаа да се договорот, по што следеше директен договор на Левандовски со Баерн во летото 2013 година. Тогаш практично цела сезона ја одигра во Дортмунд иако имаше потпишано пред-договор со Баерн каде што пристигна во летото 2014 како слободен играч.
Реал уште еднаш го испушти Левандовски во летото 2016 кога Баерн не сакаше да седне на преговарачка маса со „кралевите“, за потоа полскиот напаѓач да потпише договор со важност до 2021 година и плата од 15 милиони евра по сезонa.