Швајцарецот Роџер Федерер со уште еден одлично одигран меч на Мастерсот во Мајами се пласираше во полуфиналето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Федерер во четвртфиналето го победи Кевин Андерсон, а во победата додаде и една неверојатна тениска мајсторија која предизвика воодушевување кај сите љубители на овој спорт.
Роџер не престанува да ја воодушевува јавноста иако многумина го сметаат за ветеран, а во последниот меч против Андерсон тој демонстрираше неверојатен рефлекс и веројатно го одработи поенот на годината.
Швајцарскиот ас два пати се врати од загубена позиција како октопод. Колку ова беше неверојатен поен најдобро говори неговата насмевка, но и реакцијата на коментаторот кој го пренесуваше мечот.
"ARE YOU KIDDING?!"@rogerfederer is something else ?#MiamiOpen pic.twitter.com/5hloQqt2DT
— Tennis TV (@TennisTV) March 29, 2019