Дома Фудбал Англија Рој Кин: Тоа што Роналдо секој викенд го спасува Јунајтед може да биде проблем

Рој Кин: Тоа што Роналдо секој викенд го спасува Јунајтед може да биде проблем

Последниот гол кој Манчестер Јунајтед го постигнал, а стрелецот да не се викал Роналдо беше Фред во ремито против Лестер (1:1) во рамки од 31. коло во Премиер лигата, пред точно еден месец (2. април).

После тој натпревар Манчестер Јунајтед беше поразен со 1:0 од Евертон, славеа против Норвич со 3:2 со хет-трик на Роналдо, Ливерпул ги прегази со 4:0, на „Емирати“ исто така беа поразени со 3:1 со гол на Роналдо и пред четири дена ремизираа против Челзи (1:1), голот повторно беше дело на Роналдо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рој Кин често се огласува и ги коментира случувањата во својот поранешен тим, а не е реткост и да критикува. На ироничен начин тоа го направи и со Кристијано сега.

„Ронадло е навистина голем проблем за Манчестер Јунајтед, од викенд во викенд ги спасува со своите голови, а тоа знае да биде штетно за соблекувалната“, изјави Кин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …