Дома Фудбал Рој Кин повторно „распали“ по Јунајтед и Мурињо

Рој Кин повторно „распали“ по Јунајтед и Мурињо

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Рој Кин ја критикуваше состојбата во клубот и упати силни критики кон менаџерот Жозе Мурињо.

Кин, кој со Јунајтед освои 17 трофеи, вклучувајќи седум титули во Премиер лигата и една во ЛШ, истакна дека играчите и менаџерот го срамат клубот во лигата.

„Во последните шест месеци, секогаш бараше безброј изговори. Јунајтед не смее да се повлече пред вакви предизвици. Менаџерот и играчите треба да се засрамат што се шести на табелата и имаат 19 бода помалку од првопласираниот Челзи“, изјави Кин.

Ирецот додаде дека управата не завршила добра работа во предсезоната.

„Не постои причина зошто не би можеле да ја освојат Лигата на Европа. За клуб како што е Манчестер Јунајтед се очекува да го освои Лига Купот и Лигата на Европа, особено кога ќе видите кои клубови учествуваат во овие натпреварувања. Срамота е тоа што во Премиер лигата се толку далеку од врвот. Играчите и целиот тим кој е составен едноставно не е добар“, додаде поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија доби болна лекција, „Газета“ ги избра шесте столба за Мундијалот 2030

По поразот од Белгија со 1-4 и елиминацијата од Лигата на нациите, „Газета дело спорт“ пос…