Дома Фудбал Англија Рој Кин жестоко по Вилшер, Арсенал и Венгер: Арсенал е совршен пример како НЕ треба да играте!

Рој Кин жестоко по Вилшер, Арсенал и Венгер: Арсенал е совршен пример како НЕ треба да играте!

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунјатед, жестоко го нападна долгогодишниот член на Арсенал, Џек Вилшер, но целиот тим на „топчиите“

Арсенал вчера беше поразен во Остердус со на свој терен со 1:2 во Лигата на Европа, но сепак „топчиите“ успеаа да се пласираат во следната фаза.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рој Кин по натпреварот упати критики кон Џек Вилшер кој беше капитен на Арсенал на оваа средба.

„Кога ќе го видам Џек Вилшер да ја носи капитенската лента си помислувам дека тој е најпреценетиот фудбалер на планетата“, зборуваше Кин

Вилшер веќе има 26 години и не е млад, нема изговори, но веќе долго време нема учинок каков што треба да стои зад името на еден креатор на играта кој го носи дресот на Арсенал.

„Многу работи зависат од тренерот и членовите на стручниот штаб, но пред се од самите фудбалери. Морате самите себе да се мотивирате. Имате гордост, сакате да одиграте добро поради себе, поради соиграчите, поради семејството… Да се појавите онака како што тоа го направија фудбалерите на Арсенал е хаотично. Од каде да почнам? Овој Арсенал е совршен пример како не би требало да влезете на натпреварот“.

Иако не го именуваше, Кин го критикуваше и Венгер.

„Сето ова е поради тренерот. Нема енергија, нема желба…Арсенал може да биде среќен што помина“, зборуваше Кин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…