Дома Фудбал Англија Рој Кин: Генерацијата од 1999 година на Јунајтед го победила денешниот Ливерпул со 1:0

Рој Кин: Генерацијата од 1999 година на Јунајтед го победила денешниот Ливерпул со 1:0

roy keane

Фудбалерите на Ливерпул вчера на домашен терен во најголемото дерби во англискиот фудбал го победија Манчестер Јунајтед со 3:1.

„Црвените“ така успеаа да ги израдуваат своите навивачите во натпреварот против најголемиот ривал кој оваа сезона не личи на себе. Манчестер Јунајтед тешко доаѓаше до шанса пред голот на Ливерпул, а единствениот гол го постигнаа после една грешка на Алисон.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сигурно дека ваквите настапи се разочарување за секој навивач кој растел покрај овој тим и генерацијата која ја водеше Сер Алекс Фергусон. Таа денес е позната како генерација од 1999 година кога ја освоија Лигата на шампионите.

После натпреварот во центарот на вниманието се најде поранешниот фудбалер на Јунајтед, Рој Кин кој даде интересен одговор на прашањето како би поминала генерацијата 1999 против денешниот Ливерпул.

„Ние овој тим на Ливерпул би го победиле со 1:0. Зошто 1:0? Затоа што денес скоро секој од таа генерација има повеќе од 40 години“, изјави Кин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола за Родри: Колку прстени освоија Булси без Мајкл Џордан?

Ѕвездата на Манчестер Сити, Родри стана првиот играч од средниот ред по Лука Модриќ кој ја…