Дома Фудбал Англија Рој Кин „без влакна“ на јазикот жестоко го критикуваше Погба: Тој е голем проблем за Јунајтед!

Рој Кин „без влакна“ на јазикот жестоко го критикуваше Погба: Тој е голем проблем за Јунајтед!

Покрај неговото име има десет клупски и најважниот репрезентативен трофеј. Но и покрај тоа повторно има толку контроверзии што никој не може да тврди дека Пол Погба е на нивото на најдобрите светски фудбалери.

Од најскапиот поединец во историјата на Манчестер Јунајтед се очекуваше да игра квалитетно и во континуитет, да биде лидер на англискиот гигант, но за три сезони Погба не го покажа она кое од него се очекуваше. Обновената романса од детските денови не успеа во целост и затоа на големо се пишува за нова разделба на лето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сега Погба доби жестоки критики од легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин.

„Не му верувам ниту еден збор. Изјавите на Погба немаат тежина. Не му верувам ништо што зборува. Ајде зборуваме каков соиграч е Погба. Ако сакате да бидете добар соиграч, морате да се враќате на својата половина, да трчате, да се браните…Атмосферата во соблекувалната стана напната после гостувањето кај Евертон, слушнав дека играчите се гаѓале со гел за коса. Толку била голема тензијата“, зборуваше Кин.

Изгледа ништо подобро не било и после поразот од Сити во кој тимот на Солскјер создаде една посериозна шанса за 90 минути. Секако, не е тоа само вина на Погба.

„Погба е талентиран фудбалер, но тоа е епитет кој го носи долго време. На голем број натпревари не сме го виделе како прави спринт и се враќа назад. Погледнете го неговиот говор на телото. Само ги крева рацете и негодува. Тој е голем проблем за Манчестер“, смета Рој Кин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…