Дома Фудбал Англија Рохо: Со Ибра се фативме за гуша, не раздели Мурињо

Рохо: Со Ибра се фативме за гуша, не раздели Мурињо

Маркос Ројо го напушти Манчестер Јунајтед и се пресели во родната Аргентина каде моментно настапува за Естудијантес.

Во разговор за тамошните медиуми тој, меѓу другото, зборуваше за периодот минат во Манчестер Јунајтед при што откри интересна ситуација од соблекувалната во 2016 година што ја имал со Златан Ибрахимовиќ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Игравме против Ростов во Лига Европа и бараше сите топки да ги додаваме до него. Во една ситуација не го сторив тоа, туку додадов до Погба по што почна да мавта со раце и да ми вика. Многу работи ми изнакажа. Го зграпчив и му реков: „Што не е во ред со тебе, затвори уста“ на што мораше да реагира и Мурињо кој не раздвојуваше, открива Рохо.

„Се деревме на теренот, пред сите присутни на „Олд Трафорд“. Тоа беше во првото полувреме, а кога одев кон соблекувалната, си мислев дека ќе почне да ме тепа. Тој е висок речиси два метра и е фантастичен каратист. Јас отидов прв во соблекувалната, инаку ќе ме убиеше“, додава Аргентинецот кој истакна дека набрзо го решиле недоразбирањето и сега се во добри односи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Тен Хаг

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе го откупшти тренер Ерик Тен Хаг, тврдат медиуми…