Дома Фудбал Италија „Росонерите“ имаат план: Калиниќ заминува, но познато името на новото засилување

„Росонерите“ имаат план: Калиниќ заминува, но познато името на новото засилување

Милан изминатото лето доста вложи во реконструкција на тимот, но резултатите изостанаа. Едно од најголемите засилувања беше Никола Калиниќ, но Хрватот не се снајде најдобро во црвено-црниот дрес и се чини дека „Росонерите“ се подготвени да го продадат по само една година.

Во замена за него, Милан сака да го донесе хрватскиот репрезентативец и тоа Марио Манџукиќ од Јувентус. Јавна тајна е дека популарниот Манџукиќ не е задоволен што кај Алегри игра на неприродна позиција односно лево крило, бијдеќи напаѓачката позиција е резервирана за Игуаин.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Не е познато дали Манџукиќ е заинтересиран за преминување во Милан, но дефинитивно се наоѓа на врвот на листата кај Џенаро Гатузо кој баш ги почитува борците како него.

Она што ги зголемува шансите за овој трансфер е добрата соработка на Милан и Јувентус во блиското минато.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Изненадување од Островот: Алонсо повеќе не е кандидат за тренер на Ливерпул

Според последните информации од Островот, Ливерпул повеќе не е кандидат за доведување на Ч…