Рома и Милан синоќа одиграа возбудлив натпревар, кој на крајот заврши без победник (1:1).
Милан прв победе со голот на Пјонтек, а „волчицата“ израмни во второто полувреме. Сепак, главна тема денес на Апенините е арбитражата на судијата Мареска.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Готово сите еминентни медуми се сложуваат дека Мареска ги оштетил „росонерите“ во две ситуации. Најпрво не досуди пенал при стартот на Коларов врз Сусо и не сакаше дури ни да се консултира со ВАР и да ја погледне снимката.
Questa è una porcheria. Questo siete voi. @AIA_it pic.twitter.com/TXmQxAzxpN
— Giò?? (@tanoxico) February 3, 2019
Втората спорна ситуација се случи во 80-та минута кога Пелегрини стартуваше од зад грб врз Сусо, а Мареска не му додели втор жолт картон, иако стартот беше за опомена.
Сепак, тренерот на „росонерите“, Џенаро Гатузо испадна џентлмен и на прашање за судиските грешки одговори:
„Не коментирам судиски одлуки. Чудно е зошто судијата не побара помош од ВАР. Па зошто служи ВАР-от, ако не за вакви ситуации!?“