Дома Фудбал Италија Росонерите го одработија последниот тренинг: Познато е дали Ибра ќе игра во миланското дерби

Росонерите го одработија последниот тренинг: Познато е дали Ибра ќе игра во миланското дерби

Интер и Милан утре ќе ги одмерат силите по втор пат оваа сезона, а номинален домаќин на овој натпревар се Нероаѕурите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Настапот на Златан Ибрахимовиќ пред овој натпревар беше под знак прашалник, но искусниот напаѓач физичките проблеми што ги имаше во последните денови ги остави зад себе.

Популарниот Ибра денеска го одработи тренингот со останатите соиграчи и ќе биде целосно подготвен за утрешното дерби, кое е предвидено да започне во 20:45 часот.

Инаку, последен пат кога Росонерите биле како гости го победиле ривалот скоро пред 10 години. На 14. ноември 2010. година, натпреварот заврши 0:1, а голот за победа го постигна токму Ибра.

Првото миланско дерби сезонава Интер го доби со 2:0. Стрелци на головите беа Марсело Брозовиќ и Ромелу Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еквадор оствари голем успех против Германија и ја помина групата

Еквадор ја победи Германија со 2:1 во натпревар од последното коло во групата „Е“ и се пла…