Ѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо сака да проба да носи копачки кои ги носат рагбистите за да добие дополнително на брзина, пренесуваат италијанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Копачките се со различни крампони и се наменети за рагби, а Роналдо ќе ги тестира наскоро и верува дека со нив ќе биде побрз на теренот.
Ова не е нова идеја во фудбалот, бидејќи напаѓачот на Монпеље Анди Делор веќе играше со такви копачки во февруари. Тоа даде резултат и тој ја забележа најголемата брзина во Лига 1 со 36,8 км/ч.
Готово сигурно Роналдо во иднина ќе игра со гумени, а не метални крампони, кои даваат поголема брзина и сигурност.