Кристиано Роналдо во последно време игра одлично, а многумина забележаа интересен податок – се се промени откако Роналдо ја промени фризурата.
Звучи чудно, но статистиката тоа го покажува. Вчера Роналдо постигна гол и одигра одличен натпревар за Јувентус во победата против Рома во Копа Италија, така само ја продолжи добрата форма.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа на стартот од сезоната Роналдо не играше баш најдобро. Маурицио Сари и одлучи на некои натпревари да го замени што за Португалецот е нешто невобичаено.
Пред Роналдо да се појави со „самурајското репче“ за Јувентус постигна шест голови на 15 натпревари и на натпреварите беше видно фрустиран. Од кога се појави со новата фризура во следните 10 натпревари Роналдо постигна 10 гола и игра важна улога во секој натпревар.
Како и да е поради што на навивачите им е најмалку важно, важно е што Роналдо влегува во форма пред најважниот дел од сезоната – нокаут фазата од Лигата на шампионите.