Дома Фудбал Останато Роналдо ја одбил понудата од Перез да седи во ВИП ложата на „Бернабеу“

Роналдо ја одбил понудата од Перез да седи во ВИП ложата на „Бернабеу“

Кристиано Роналдо во неделата присуствуваше на „Бернабеу“ во дербито помеѓу Реал Мадрид и Барселона кое го добија „кралевите“ со 2:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа за Роналдо беше враќање на местото каде што го доживеа најголемиот успех. Роналдо дресот на Реал ог носеше девет години, а сега се врати како играч на Јувентус.

Пред натпреварот Флорентино Перез му понудил на Роналдо да седи во ВИП ложата на култиниот мадритски стадион, но таа понуда Португалецот ја одбил. Перез сакал да го пречека Роналдо онака како што заслужува, меѓутоа Роналдо од почит кон Јувентус му се заблагодарил и одлучил да седи во ложата која е во близина на навивачите.

Роналдо беше прилично блиску до навивачите, па така навивачите кои беа во близина повеќе беа фокусирани на него. Во една ситуација тој им посочи повеќе да го гледаат натпреварот, а помалку да се фокусираат на него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…