Дома Трансфер зона Роналдо јасно му порачал на Јувентус кој играч сака да го види во клубот до крајот на преодниот рок

Роналдо јасно му порачал на Јувентус кој играч сака да го види во клубот до крајот на преодниот рок

Кристиано Роналдо има желба до крајот на преодниот рок Јувентус да доведе засилување во нападот.

„Старата дама“ се обидуваше да го доведе Ромелу Лукаку и се најавуваше размена за Паоло Дибала, но Аргентинецот на крајот не се договори со Манчестер Јунајтед. Сега „Газета дело Спорт“ пишува дека Роналдо немал ништо и против Лукаку, но наводно Португалецот повеќе сака нов партнер во нападот да му биде Мауро Икарди.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Икарди има големи проблеми во Интер пропушти повеќе натпревари, а на крајот сезоната ја заврши со 29 настапи и 11 голови во Серија А.

Јувентус минатата сезона ја освои титулата во Италија, но постигна 70 голови. За споредба Наполи и Аталанта постигнаа по 74, односно 77 голови.

Со доаѓањето на Роналдо се очекуваше Јувентус да постигнува повеќе голови, меѓутоа Португалецот на 43 натпревари постигна 28 голови што е многу помалку во однос на неговите претходни сезони.

Во Јувентус сакаат да направат промени во нападот. Моис Кин веќе замина во Евертон, а на листата за заминување се Марио Манџукиќ, Паоло Дибала и Гонзало Игуаин, еден или двајца (ако некој пристигне) се очекува сигурно да го напуштат клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…