Дома Фудбал Останато Роналдо успеа во мисијата: Се јави жената која му давала хамбургери

Роналдо успеа во мисијата: Се јави жената која му давала хамбургери

Интервјуто на Кристиано Роналдо со славниот Пиерс Морган привлече огромно внимание. Португалецот беше искрен, природен и целосно отворен во тој разговор.

Во еден дел Морган го потсети на детството кога како играч во младинскиот погон на Спортинг одел во локалниот „Мекдоналдс“ со некои негови соиграчи за да ги добие хамбургерите кои останеле.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кога имав 11, 12 години немав пари. Живеев со останатите деца во клубот и со месеци не го гледав семејството. Тоа беше тежок период. Доцна навечер, околу полоноќ бевме гладни. Покрај стадионот имаше „Мекдоналдс“, ќе тропневме и ќе прашавме дали останал некој хамбургер. Таму имаше една и уште едве девојки кои никогаш не успеав да ги пронајдам. Се надевам дека ова интервју ќе ми помогне во потрагата по нив. Би сакал да ги повикам во Торино или Лисабон во мојот дом на вечера. Сакам да им возвратам барем малку за она што го направија за мене во тоа време“, изјави Роналдо во интервјуто.

И интервјуто навистина помогна, се огласи една од девојките кои во тоа време работеле во тој „Мекдоналдс“.

„Ќе дојдеа пред ресторанот и ќе прашаа дали останале неколку хамбургери, нашиот менаџер ни дозволуваше да им ги дадеме оние што остануваа. Едно од децата беше и Кристиано Роналдо и беше најплашлив помеѓу нив. Тие доаѓаа скоро секоја вечер“.

Тоа се случувало на почетокот на 2000 година кога Роналдо бил дел од младинскиот погон на гигантот од Лисабон.

„И понатаму се смеам поради тоа. Му раскажував на мојот син, но не ми веруваше бидејќи му беше тешко да замисли дека неговата мајка му давала хамбургери на Роналдо. Мојот сопруг веќе знаеше за тоа бидејќи неколку пати доаѓаше по мене да ме земе од работа и понекогаш го гледаше и Кристиано“.

Девојката одговори и на повикот за вечера со Португалецот.

„Првата работа која ќе му ја кажам е благодарам, а потоа ќе разговаравме за тие времиња“, изјави Паула Лека.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…