Дома Топ вести Роналдо пред 80.000 навивачи: Се гледаме и следната година! (Видео)

Роналдо пред 80.000 навивачи: Се гледаме и следната година! (Видео)

ronaldo

Реал Мадрид во спектакуларна прослава во престолнината на Шпанија и забава на стадионот „Сантиаго Бернабеу“ ја обележа 13-та титула во Лигата на шампионите.

„Кралевите“ во саботата го совладаа Ливерпул во големото финале во елитното натпреварување во Киев и така уште еднаш испишаа историја во европскиот и светскиот фудбал.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Прославата започна прво со автобусот во кој се возеа фудбалерите низ Мадрид каде што ги поздравија огромен број навивачите, за потоа во вечерните часови да пристигнат на „Сантиаго Бернабеу“ каде што присуствуваа 80.000 фанови.

Приререден беше спектакуларен огомент, секој играч добиваше посебна најава при излегувањето на теренот, а повторно во центарот на вниманието беше Кристиано Роналдо.

Португалецот по победата во Киев даде изјава која ги загрижи сите во Мадрид, најавувајќи дека следната сезона може да го напушти Реал Мадрид.

На прославата еден од неговите најблиски пријатели, Марсело, започна песна – „Кристиано, остани“, на што фудбалерот кратко се надоврза: „Се гледаме и следната година“!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Каменуван автобусот на „Чкембари“ – има и повредени! 🎥

По денешниот натпревар помеѓу Пелистер и МЗТ Скопје дошло до инцидент во кој бил каменуван…