Кристиано Роналдо треба да биде дел од стартниот состав на Португалија на натпреварот против Чешка вечерва на ЕП.
Доколку влезе во игра ќе стане единствениот фудбалер во историјата кој играл на натпревари на шест различни европски првенства.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Роналдо се огласи на социјалните мрежи за да испрати порака до навивачите пред натпреварот.
Португалци, денес започнува ново поглавје во нашата историја. Со задоволство се сеќавам на мојот прв ден со репрезентацијата, патување полно со предизвици и победи. Сега сум привилегиран што сум опкружен со тим од шампиони кој е полн со талент и одлучност. Со универзална сила и поддршка, соништата ги претвораме во реалност. Заедно да се избориме за уште еден триумф. Обединети, незапирливи сме. Форца Португалија!“, напиша Роналдо.