Дома Фудбал Италија Роналдо пред дуелот со Интер: Дербито на Италија го има истиот шарм како Ел Класико

Роналдо пред дуелот со Интер: Дербито на Италија го има истиот шарм како Ел Класико

Фудбалерите на Јувентус утре на свој терен го пречекуваат Интер во големото дерби на 26 коло од италијанската Серија А.

Штета е што Дербито на Италија ќе игра пред празни трибини поради одлуката на раководството во Серија А, откако се појави коронавирусот на северот во оваа земја.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сепак, сигруно е дека и покрај тоа не очекува возбудлив натпревар на еките кои се борат за Скудето. Пред овој натпревар за италијанските медиуми зборуваше Кристијано Роналдо, од кој навивачите на Јувентус најмногу очекуваат на утрешното дерби.

Роналдо изјави дека за него Дербито на Италија го има истиот шарм како Ел Класико, кој го играше како играч на Реал Мадрид цели девет години. Интересно е што дуелот меѓу Реал Мадрид и Барселона се игра утре, скоро во истиот термин како дуелот помеѓу Јувентус и Интер.

„Тоа ќе биде одличен натпревар, исто како дуелот Реал Мадрид и Барселона кој исто така се игра во недела навечер. Натпреварот против Интер е натпревар на кој се радувате, исто како и оние против Милан и Лацио. Сите играчи сакаат да играат такви натпревари. Не сме среќни што нема да има навивачи, но за нас останува иста цел, да победиме и одиграме добар натпревар. Здравјето е на прво место и ако е најдобро решение да нема навивачи тогаш тоа е права одлука.“ – изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…