Дома Фудбал Роналдо по победата: Ако играме вака нема од што да се плашиме

Роналдо по победата: Ако играме вака нема од што да се плашиме

Jувентус вчера со убедливи 3:0 на „Камп Ноу“ ја победи Барселона и така ја освои првата позиција во групата.

Два гола постигна Кристиано Роналдо, на ист начин од пенал. Сега Роналдо има вкупно 20 голови во 34 натпревари против Барселона.

„Секогаш е убаво кога се враќам во Шпанија и Каталонија. На „Ноу Камп“ е тешко да се игра против еден од најдобрите тимови со кој сум играл. Вистинско силно и обединето семејство. Ако играме вака нема од што да се плашиме до крајот на сезоната…одима!“, напиша Роналдо на социјалните мрежи по победата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета собира снимки од ривалите: „36 излегувања за 10 минути, а нема жолт картон!“

Тренерот на Арсенал е на еден жолт картон од суспензија и тврди дека неговите колеги остан…