Роналдо пред нешто повеќе од еден месец се најде во центарот на вниманието кога на загревањето пред натпреварот му пријде на поранешниот соиграч Рој Кин да се поздрави, а до него беше Џејми Карагер, кого Португалецот целосно го игнорираше.
Роналдо тоа го направи бидејќи Карагер во своите емисии го критикуваше искусниот фудбалер за лошиот почеток на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тогаш многумина го исмејуваа Карагер, а навивачите на Манчестер Јунајтед беа воодушевени од потегот, со оглед на тоа што Карагер играше за најголемиот ривал, Ливерпул. Меѓутоа сега работите се сменија.
Имено, Роналдо го направи истиот потег викендот пред натпреварот против Вест Хем. Тој дојде да се поздрави со Луис Саха и Џејми Реднап, а до нив беше и Гери Невил кого Роналдо од некоја причина овој пат не го поздрави, што не беше случај кога го игнорираше Карагер, тогаш се поздрави со Невил.
Многумина веруваат дека Роналдо во изминатите неколку месеци го покажа своето вистинско лице и фактот дека е препотентен и арогантен.
На социјалните мрежи се појави видео кога Роналдо ја играше првата сезона во Манчестер Јунајтед и требаше да даде изјава по еден натпревар, но не знаеше добро англиски.
How times change @GNev2 👀
— Football Daily (@footballdaily) October 30, 2022
pic.twitter.com/The6EzWtEK