Кристиано Роналдо не бил задоволен од играта на тимот во натпреварот против Наполи.
Големото дерби на југот на Италија заврши со победа на Јувентус на „Сан Паоло“ од 1:2
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Натпреварот беше интересен и борбен, видовме два црвени картони и многу дуели, а Јувентус иако стигна до победата во второто полувреме беше практично невидлив на теренот.
Шампионот на Италија не испрати ниту еден удар кон голот на Оспина, домаќините можеа и до изедначување, но Инсиње не реализираше пенал.
Торинските медиуми пренесуваат дека Кристиано Роналдо бил разочаран од играта на својот тим и дека не бил благ кон соиграчите, но и тренерот.
Португалецот одржал краток говор на кој бил присутен целиот тим. Роналдо зборувал дека Јувентус е тим кој не смее да се брани цело полувреме и дека против Атлетико не смеат да играат на ваков начин.
Според информациите на медиумите после говорот настанала тишина. Прв кој изреагирал бил тренерот Алегри кој говорот на Португалецот го испратил со аплауз, а потоа го следеле и останатите играчи на „старата дама“.
Треба да се потсети и дека Роналдо покажа незадоволство во текот на натпреварот.
This is so sad. Never would have we thought that this would happen. Ronaldo literally asking his teammates to attack and press and asking Allegri too. 🙁pic.twitter.com/K3JdxK6Py0
— Cristiano Ronaldo ▫️◾️ (@CRonaldoLive) March 5, 2019
Пред натпреварот против Атлетико Мадрид на 12-ти март Јувентус ќе го пречека Удинезе во Серија А и многу веројатно е Алегри во оваа средба да настапи со комбиниран состав со оглед на предноста која ја има во италијанското првенство од 16 бодови.